По Украина, и Грузија одлучи да аплицира за кандидатски статус во ЕУ.

Изјавата за пристапување на Грузија во Европската унија беше потпишана од грузискиот премиер Иракли Гарибашвили на 3 март.

„Апликацијата на Грузија за членство во ЕУ е уште еден важен чекор кон европската интеграција – етапа која брише нова страница во нашата историја и ги продолжува напорите на нашите предци, кои беа насочени кон обединување во заедничко европско семејство“, рече шефот на државата.

Денеска истото го стори и Молдавија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.