Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми.
Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација.
Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време.
Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.
Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.