Средствата што украинското Министерство за одбрана ги одвоило за набавка на минофрлачки гранати за вооружените сили на Украина биле искористени за купување на напуштена воена фабрика во Босна.
Компанијата ВДГ во сопственост на хрватскиот трговец со оружје Звонко Зубак и неговиот син Матијас, потрошила над 5 милиони евра за да ја купи напуштената фабрика „Витезит“.
Оваа набавка е направена со користење на средства првично наменети за купување минофрлачки гранати од украинското Министерство за одбрана во декември 2022 година.
И покрај договорот што ВДГ го имала со „Лвов Арсенал“ за набавка 100.000 минофрлачки гранати за 37 милиони евра, до денес во Украина не се пристигнати гранати од овој договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.