Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.
Украина ќе формира „ИТ армија“
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.
Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, соопшти украинскиот премиер, Денис Шмихаил.
Европските министрите за надворешни работи на состанок откако ЕУ се соочи со зголемени повици од Киев да се засили воената поддршка и да се заострат санкциите кон Русија по нејзината инвазија врз Украина.
Урната официјалната веб-страниа на Кремљ
Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.
Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина.
Руските сили почнаа да напредуваат во Украина, откако претседателот Владимир Путин воведе прекин во офанзивата еден ден претходно, очекувајќи разговори со Киев кои не се одржаа, објави Кремљ.
Главната опозициска партија во Велика Британија го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор. Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амабсдорот на русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.
Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.
Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 120 илјади украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја започна воената интервенција.
Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко изјави дека 198 Украинци се убиени, меѓу кои и три деца, откако Русија ја почна инвазијата врз својот западен сосед во четвртокот. Во објава на Фејсбук, Лиашко исто така изјави дека во тридневните борби се ранети 1.115 Украинци, меѓу кои 33 деца,.
Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.