Германската полиција соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште.
Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил во блискиот град Илеркирхберг.
Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал.
Осомничениот побегнал во блиската куќа каде полицијата уапсила три лица, претпоставувајќи дека едното е напаѓачот.
Германската новинска агенција ДПА јави дека полицијата сè уште се обидува да го утврди мотивот за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.