Безживотното тело на бебе било пронајдено вчера во сместувањето за бегалци од Украина во Келн.

Според германските медиуми, телото на бебето било пронајдено во еден од тоалетите. Според БИЛД, телото на бебето било скриено во една од кабините и веројатно го немало долго време.

Телото на несреќното бебе го пронашла чистачка која веднаш ја известила полицијата.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, полицијата соопшти дека постои сомнеж дека детето е родено живо и дека подоцна било убиено. Не е јасно која е мајката на детето, а полицијата ги испрашува сите вработени и сместените во центарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.