Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико.

По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО.

За време на состанокот на Врховниот совет за национална одбрана, Јоханис истакна дека ги информирал сојузниците во НАТО за повлекувањето на неговата кандидатура.

Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња.

Тој ќе ја преземе функцијата на 2 октомври, само еден месец пред американските избори, кои ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како најуспешна бариера на Источна Европа против руската агресија, оценува Политико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.