Холандската влада има намера да ги натера украинските бегалци кои имаат вработување, да плаќаат 350 евра месечно. Ваквата идеја ја изнела државниот секретар за азил, Ерик ван дер Бург, во писмо испратено до Парламентот.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Ван дер Бург смета дека воведувањето на оваа идеја ќе понуди решение за прашањето за наоѓање станови за украинските бегалци поддржани од општините.
Според неговиот предлог, вработените возрасни Украинци ќе плаќаат по 105 евра по лице за гас, вода и струја, а исто така ќе треба да плаќаат 242,48 евра по возрасен месечно за храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.