Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално му честитала на Доналд Трамп за победата на изборите за претседател на државата, јави Си-Ен-ЕН.
Висок помошник на Харис изјавил дека таа „му се јави на новоизбраниот претседател Трамп за да му честита за победата на претседателските избори во 2024 година. Таа разговараше за важноста на мирен трансфер на власта и да се биде претседател за сите Американци“.
Разговорот траел само неколку минути, наведува медиумот.
Потпретседателката и кандидатка за претседател на Демократската партија на САД, Камала Харис ќе даде изјава во 21:00 часот по западноевропско време во Вашингтон, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.
Тоа ќе биде прва изјава на Камала Харис откако синоќа ги загуби изборите од републиканецот Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.