Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека палестинското движење Хамас ќе продолжи да постои и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар, кој беше убиен за време на израелска воена операција.

Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот против Израел, но тоа воопшто нема да престане со мачеништвото на Синвар, нагласи ајатолахот Хамнеи.

По Исламската револуција во 1979 година, поддршката за палестинската кауза Иран ја направи еден од столбовите на својата надворешна политика.

Јахја Синвар „беше брилијантна фигура на отпор и борба против Израел, според Хамнеи. „Тој застана со непоколеблива решителност против суров и агресивен непријател и го победи со тактичност и храброст“, додаде Хамнеи.

Синвар, кој долго време беше во сенка пред да стане шеф на Хамас, се смета за архитект на нападот на палестинското движење врз Израел на 7 октомври 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.