Хамас тврди дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници рано наутро во петокот.
Израелската окупација изврши симултани напади врз голем број болници во изминатите часови, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал Кидра за телевизијата Ал Џезира.
Нападите, наводно, ја вклучуваат и најголемата болница во Газа, Ал Шифа, каде што Израел рече дека Хамас има скриени командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.
Кидра рече дека Израел го нападнал дворот на медицинскиот комплекс во градот Газа и дека има жртви, но не наведе детали.
Израелските одбранбени сили допрва треба да ја коментираат изјавата на Кидра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.