Министерството за здравство во Газа предводено од Хамас соопшти дека 21 лицe е убиеено во првите неколку часа од истекот на примирјето меѓу Израел и Хамас и обновувањето на борбите.

Во неколку бомбардирања низ палестинската територија по 7:00 часот по локално време (05:00 часот по Гринич), портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра соопшти дека се убиени 21 лице, од кои две лица во Беит Лахиа, северниот дел на Појасот Газа, потоа седум лица во Магази во централниот дел на Појасот, едно лице појас Газа во градот Кан Јунис, јужен дел на Појасот Газа, двајца во градот Хамад, јужно од Кан Јунис и деветмина во Рафа, јужен дел на Појасот Газа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.