Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска ги предупреди Палестинците во северниот дел на Газа да се евакуираат, нагласувајќи дека Израел „ќе нападне со сета сила“.
Ние сме решени и подготвени за следните фази од војната, рече Хагари на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Фокусирани сме на Газа, но распоредивме сили низ целата земја и тоа ни овозможува да дејствуваме истовремено во сите правци“, додаде тој.
Хагари кажа дека стотици илјади палестински цивили досега се евакуираа од северот на Газа на југот од енклавата, откако израелската армија вчера издаде предупредување дека наскоро ќе изврши жесток напад врз областа.
Тој посочи дека Хамас се обидува да ги спречи цивилите да се евакуираат „бидејќи лидерите на организацијата се кријат под нив“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.