Во Гватемала денеска се одржуваат претседателски избори, а конечните резултати се очекуваат по вториот круг, во август.

Се очекува поранешната прва дама на Гватемала Сандра Торес да добие најмногу гласови, но и да  освои помалку од 50 проценти потребни за победа во првиот круг.

На изборите учествуваат уште 20 кандидати, меѓу кои и Едмонд Муле, поранешниот претседател на Конгресот на Гватемала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.