Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах претставува „првата трошка надеж“ во регионалниот конфликт по неколкумесечна ескалација.
Гутереш на прес-конференција во Лисабон по разговорите со португалскиот премиер Луис Монтенегро, порача дека исто така е неопходно Израел и Хезболах да бидат целосно посветени на почитување на прекинот на огнот.
Генералниот секретар на ОН повика и на итен прекин на огнот во Појасот Газа.
Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи во сила утринава во 4 часот по локално време, со што завршија речиси 14-месечните борби кои започнаа откако палестинската милитантна група Хамас изврши терористички напад во јужниот дел на Израел во октомври минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.