Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, рече дека правата на жените не се луксуз што може да чека додека не се решат кризите во светот. Тој предупреди дака на секои 10 минути по една жена или девојка е убиена од член на семејството или од партнерот, а дека на секои две минути умира жена за време на бременост или породување.

Гутереш, во авторски текст по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, оцени дека светскиот напредок во правата на жените полека исчезнува пред наши очи, а најновите прогнози проценуваат дека, доколку се продолжи со ова темпо, ќе бидат потребни уште 300 години за да се постигне целосна родова еднаквост.

Мораме да ги смениме овие ужасни трендови и да се залагаме за животите и правата на жените и девојките насекаде. Ова е еден од моите врвни приоритети и столбот на работата на Обединетите нации ширум светот. Од Јужен Судан до Мјанмар, ние ги поддржуваме жените и девојчињата во криза со тоа што ќе се погрижат во мировните процеси да се слушне и нивниот глас, рече Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.