Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека „секој вработен во ОН вклучен во терористички акти“ ќе биде кривично гонет, по обвинувањата дека неколку работници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

Од 12. лица вклучени во тој напад на деветмина од нив им е раскинат договорот, за еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на останатите двајца се уште се утврдува, прецизираше Гутереш

Шефот на Светската организација, истовремено, апелираше до владите да продолжат да ја поддржуваат УНРВА, по одлуката на девет земји, меѓу кои САД и Британија, привремено да го прекинат финансирањето на агенцијата на ОН која им помага на палестинските бегалци.

Секој вработен во ОН вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност, вклучително и кривично гонење, потенцира Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.