Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во видео порака повика 2024 година да биде година на враќање на довербата и враќање на надежта по 2023 година, која, како што наведе, беше година на огромни страдања, насилство и природни катастрофи предизвикани од климатска промена.

Гутереш предупреди дека војните во светот се сè побројни и катастрофални и дека затоа 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта, пренесе ТАСС.

„Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност“, предупреди Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.