„Гугл мапс“ ја прикажа тајната луксузна вила на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море вредна милијарда долари.

Прекрасната вила на руското крајбрежје на Црното Море има огромен мермерен базен украсен со бисти на грчки богови, салон за наргиле со танц бар, винарска визба, театар и други содржини.

Кремљ тврди дека домот е деловен потфат на различни бизнисмени, но матниот свет на руски мегабогаташи доведе до шпекулации дека тој всушност би можел да му припаѓа на самиот Путин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.