Грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, изрази оптимизам во однос на иднината на односите на Грузија со Европската Унија и Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека очекува квалитативно ресетирање на овие партнерства почнувајќи од првите месеци на следната година.
Кобахидзе истакна дека примарна надворешнополитичка цел на владејачката партија „Грузиски сон“ останува интеграцијата во ЕУ.
Очекуваме ресетирање на нашите односи, што верувам дека е неизбежно. Овој процес ќе добие значителен замав од следната година. Очекуваме војната во Украина да заврши порано од првично предвиденото. Веруваме дека нашите односи и со ЕУ и со САД, најдоцна во првите месеци од следната година, ќе претрпат квалитативно ресетирање, што е еден од нашите главни приоритети“, порача грузискиот премиер на првиот состанок на владата по парламентарните избори на 26 октомври, пренесува грузискиот јавен сервис ТВ1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.