Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удри на плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.
Италијанските медиуми јавуваат дека околу пладне гром ја погоди плажата кај Алба Адријатика, во регионот Абруцо, додавајќи дека бројот на повредени може да достигне до седум.
Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.
Цивилната заштита денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија, со можна појава на невреме и често „празнење на атмосферскиот електричен набој“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.