Двајца грчки иселеници загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и едно дете при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина, соопштија од грчкото МНР, изразувајќи ја нивната осуда, јави дописничката на МИА од Атина.

-По наредба на министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, генералниот секретар Темистоклис Демирис телефонски упати силна протесна нота до рускиот амбасадор во Атина и го повика утре во Министерството за надворешни работи, соопштија од грчкото МНР.

Потсетуваат дека Дендиас, на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред две седмици го истакнал прашањето за потребата за заштита на грчката дијаспора во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.