Руски ракети паднаа врз украинскиот град Василкив, југозападно од главниот град Киев, при што е запален нафтен терминал.

Непријателот сака да уништи се наоколу – изјави градоначалничката Наталија Баласинович, во видео објавено на интернет.

Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат огромен пламен кој го осветлува ноќното небо. Локалните власти ги предупредија жителите да внимаваат на можните отровни испарувања.

Експлозии синоќа одекнуваа на повеќе страни во Украина, а руските сили разнесоа гасовод во градот Харков. Засега не е познато колку е важен овој гасовод и дали по ова може да дојде до прекин во испораката на гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.