Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.
Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат.
Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.
Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.