Градоначалникот на Лондон Садик Кан ја повика британската влада итно да донесе одлуки за заплена и продажба на имот во сопственост на Руси поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и да ги насочи приходите кон оние на кои им е потребна, вклучително и бегалци од Украина.
Во писмото до британскиот секретар за домување Мајкл Гоув, Кан рече дека владата треба да дејствува итно и да овозможи заплена и продажба на имотот што им припаѓа на „пријателите на Путин“, пренесе Би-Би-Си.
Градскиот совет предложи да се изградат 4.000 домови од приходите од продажбата на имотот поврзан со Кремљ во Лондон.
Според новата анализа на градското собрание, доколку имотот купен во Лондон од Руси обвинети за корупција или поврзани со Кремљ биде продаден, а чија вредност, според Транспаренси Интернешнл, била околу 1,28 милијарди во 2022 година, тоа би обезбедило доволно средства за повеќе од 4.000 евтини домови, пренесува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.