Градоначалникот на Киев и некогашен светски шампион во бокс Виталиј Кличко и се приклучи на војската на Украина и ги повика останатите функционери да го сторат истото.
Кличко се приклучи на вежбите на територијална одбрана на Киев и во таа прилика рече дека неговата земја е во војна.

– Многумина од нас служеле војска, тие вештини би требало да се вратат. Мислам дека таквата обука е од суштиснко значење за средните и високите функционери на земјата која е во војна веќе осум години, рече Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.