По повлекувањето на руските сили од Ирпин, пронајдени се тела на 290 цивили, изјави денеска градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин.

Маркушин во објава на Фејсбук напиша дека се идентификувани 185 загинати граѓани, од кои повеќето мажи. Тој додаде дека најмалку пет од загинатите се здобиле со повреди на мозокот и дека биле изгладнувани.

Петмина биле застрелани во дворот на катна зграда и во просториите на детски центар, пишува Си-Ен-Ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.