Градоначалникот на украинскиот град Харков ги обвини руските сили дека гранатираат цивилна инфраструктура.

Напади има врз градинки, училишта, болници, клиники. Кога се стотици и стотици цивилни згради, тогаш тоа не е несреќа. Тоа е таргетиран напад – изјави градоначалникот Ихор Терехов за „Си-Ен-Ен“, додавајќи дека „го смета ова за акт на геноцид врз градот Харков“.

Терехов, изјави дека градот со околу 1,5 милиони жители, е под постојан ракетен напад. Тој вели дека во зградите, кои сè уште не се оштетени од гранатирањето, има вода и греење, нагласувајќи дека работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Жителите на градот имаат потреба од храна, лекови и топла облека – вели градоначалникот.

Терехов, изразува убедување дека Украина нема да ја загуби војната.

Јас сум апсолутно убеден дека ќе ги победиме Русите – изјави Терехов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.