Градоначалник во Франција повика наставниците од основните училишта да бидат вооружени со солзавец за да се заштитат од насилните напади кои стануваат се почести во француските училишта.

Во писмо упатено до сите наставници од основните училишта во неговиот град Марињан, со копија испратена до инспекторот за национално образование, Ерик ле Дисе се жали на недостигот на полицајци на располагање за да помогнат во заштитата на луѓето кои работат во образованието.

Со цел да им се помогне и да се обезбеди нивната безбедност, Ле Дисе предлага сите наставници да добијат солзавец и алармни ѓердани или нараквици, коишто ќе ги активираат при опасна ситуација за своја заштита или, во најмала рака, да ги предупредат другите за непосредна закана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.