Полски градоначалник почина откако падна од прозорец на четврти кат на хотел во Сардинија, Италија, јави денеска АНСА.
Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација на Сардинија, во низа официјални посети.
Несреќата се случила ноќта меѓу понеделникот и вторникот, околу два часот во хотелот „Дју Колон“, во историскиот центар на градот.
Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорецот и паднал од височина поголема од десет метри.
Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот е резултат на несреќа.
Идентитетот на жртвата не е соопштен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.