Туристичкиот град во југозападна Франција, Бержерак, воведе казни од по 750 евра за сопствениците на кучиња кои нема да го подигнат изметот на своите миленици од јавните површини.
Лицата кои ги шетаат своите кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, да го соберат животинскиот измет од улица, од парковите, градините и слични места, согласно Уредбата од 11 април. Казната од 750 евра е, веројатно, највисока во Франција – соопшти Лои Домбрвал, градски советник задолжен за прашања за животните.
Тој истакна дека „кучешкиот измет може да биде вистинско зло во градовите“, по што на крајот следи стигматизирање на кучињата и нивните сопственици.
Со воведувањето на новата мерка, градската управа на Бержерак нагласува дека целта е да се гарантира безбедност и подобро јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.