Зголемувањето на цените на горивата, како и на основните прехранбени производи, ги принудија Австријците да ги „намалат“ трошоците за домашните буџети

Во земјата е баправено истражување за тоа во кои области и на кои работи граѓаните на Австрија почнале да штедат, а ова се одговорите.

Гориво

Други 42 отсто рекле дека често го оставаат својот автомобил дома поради високите цени на бензинот. Во руралните средини процентот е дури 46 отсто!

Гардероба

42 отсто од испитаниците сакаат да трошат помалку на облека или на помалку важни производи како што се мобилни телефони и електроника.

Ресторани

Огромниот раст на цените ги погоди „стомаците“ на дури 36 отсто од испитаниците. Сега поретко јадат во ресторани.

Потрошувачка кошничка

Секој трет Австриец веќе е принуден да штеди на секојдневните набавки, како што се основните намирници.

Балкони наместо плажи

31 процент од испитаниците се изјасниле дека мора да направат кратења во буџетот за одмор.

Греење

За среќа сега доаѓа потоплата сезона, но 29% велат дека мора да штедат и на греење.

Нема ограничувања

Само 17 отсто одговориле дека и покрај високата инфлација, воопшто не мора да го намалуваат домашниот буџет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.