Пожар избувна во зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите се на терен, соопшти прес-службата на управата на Министерството за вонредни состојби на Ростовската област.

Имаше пожар во реонот на зоолошката градина во Ростов на Дон, спасувачите излегоа на местото на настанот – се наведува во извештајот.

Таа е една од најголемите во Русија и Европа, со површина од 56,97 хектари.

Зоолошката поседува една од највредните колекции на животни, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Прес-службата соопшти дека нема опасност од ширење на пожарот и се уште нема информации за жртви.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.