Бразилската полиција почна голема операција против поранешниот претседател Жаир Болсонаро и неговите приврзаници. Овластувањето е дадено од судијата на Врховниот суд Александре ди Мораес, објави бразилскиот весник „Глобо“.
Согласно одлуката, полицијата добила 33 дозволи за претрес и приведување, како и четири налози за притвор.
Според налогот, Болсонаро мора да го предаде пасошот во следните 24 часа. Покрај него, операцијата ќе влијае и на голем број поранешни министри и негови соработници, главно поврзани со безбедносниот сектор:
– Брага Нето, поранешен министер за одбрана и потпретседателски кандидат на Болсонаро во 2022 година;
– Аугусто Хелено, поранешен министер на Кабинетот за институционална безбедност (ГСИ);
– Пауло Серхио Ногуеира, поранешен командант на копнените сили;
– Алмир Гарние Сантос, поранешен врховен командант на морнарицата;
– Стеван Теофило Гаспар де Оливеира, поранешен шеф на Командата за копнени операции на армијата;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.