Градските власти во Рим соопштија дека преземаат мерки за сузбивање на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите на социјалните мрежи објавија фотографии од глодари во близина на објектот.

Директорката на градскиот оддел за собирање ѓубре, Сабрина Алфонси за италијанските медиуми изјави дека е почната „специјална интервенција“ за да би се осигурало дека луѓето може безбедно да поминуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.

Операцијата ќе продолжи и наредната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот и одводите каде се вообичаени стаорците, како и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.