Голем пожар избувна денеска во индустриска зграда во швајцарската општина Шпрајтенбах, во близина на Цирих, соопшти полицијата.

Како што наведе таа, итната помош згрижила три лица кои вдишале чад.

– Не знаеме дали се уште има луѓе во зградата бидејќи во моментов не можеме да влеземе внатре. Чадот е многу густ, а зградата се уште гори, изјави портпаролот на полицијата на кантонот Аргау, Адријан Бири.

Тој истакна дека зградата веројатно се користи како складиште за запаливи материјали за изградба на патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.