Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид.
Макрон оваа недела рече дека сака да ги „иритира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени да ја примат вакцината.
– Невакцинираните се неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани – додаде францускиот претседател, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.
Во Париз денеска демонстрантите возвратија со усвојување на неговиот сленг израз и рекоа дека ќе го „изнервираат“ претседателот.
Телевизиските снимки покажуваат судир меѓу демонстрантите и полицијата на митинг во Париз, а демонстрантите се собраа и на улиците на другите француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Нант и Ле Ман, јавува Ројтерс.
Франција во петокот, по втор пат во една недела, забележа повеќе од 300.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека хоспитализирањата, како и бројот на пациенти со Ковид 19 на интензивна нега, постојано растат, што го става здравствениот систем во голема притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.