Маж кој ја посетил базиликата Св. Петар се соблекол и се качил на олтарот на црквата, а според тамошните медиуми чинот е протест против војната во Украина.

Според извор од Ватикан голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Изворот тврди дека имал и знаци на самонанесени повреди по телото.

Стражарите на Ватикан го предале неидентификуваниот маж на италијанската полиција. Инцидентот се случил пред затворањето на базиликата вчера попладне.

Неколку италијански медиуми објавија фотографии од мажот направени од туристи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.