Инфлацијата во 19-те држави на Еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, поттикната од покачените цени на енергенсите што делумно растат и поради војната во Украина, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени денеска.
Тоа е зголемување на и онака високата инфлаторна стапка која во јуни изнесуваше 8,6 проценти.
Инфлацијата во ЕУ достигнува рекордни нивоа од 1997 година кога почна статистичкото следење на податоците.
Цените на енергенсите на годишно ниво овој месец се зголемиле за 39,7 отсто, додека оние на прехранбените производи за 9,8 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.