Кога спасувачите во Турција успеваат да најдат преживеани под урнатините по земјотресот, повеќето од нив бараат вода, храна или топло ќебе, но реакцијата на еден постар човек не ги изненади само пожарникарите, туку и целиот свет.

Кога Сонер Тугтекин бил извлечен од урнатините, првото нешто што го побарал е цигара.

Чичко, само фрли ја таа цигара и легни на грб, ќе ти дадам кога ќе стигнеме во болница“, му вели еден од спасувачите.

Меѓутоа, во видеото се гледа дека Сонер не придава големо значење на тоа што му го кажува пожарникарот.

Попрво би пушел, не сакам да одам во болница“, вели Сонер.

Така, тој имаше цигара во устата цело време додека го носеа на носилка.

Во меѓувреме тој е пренесен на безбедно и за среќа не е тешко повреден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.