Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како резултат на забавување на економскиот раст и намалената побарувачката за енергенси.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот за намали за од 3,9 отсто, на 88,96 долари.
Познавачите велат дека ваквиот тренд е резултат на економското забавување во светот што директно влијае и на побарувачката на енергенси и во тој контекст и на нафта.
Според податоците објавени минатата недела, залихите на нафта во САД се зголемени за 3,9 милиони барели во однос на претходната недела, што е највисоко ниво од јули 2021 година и го илустрира падот на потрошувачката на гориво во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.