Шефот на Руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин изјави дека на крајот на јуни имал телефонски разговор со неговиот колега од ЦИА Вилијам Барнс за тоа што да прави со Украина, пренесува руската новинска агенција ТАСС. Минатиот месец Њујорк Тајмс и Вол Стрит Журнал објавија дека Бернс го повикал Наришкин за да го увери Кремљ дека САД немаат никаква улога во краткотрајниот бунт на руската платеничка група Вагнер од 23 до 24 јуни.
Брнс и Наришкин одржуваат комуникација од почетокот на руската војна во Украина, во време кога другите директни контакти меѓу двете земји се минимални, а односите се на најниска точка од Кубанската ракетна криза во 1962 година. ТАСС го цитираше Наришкин дека е можно двајцата да се сретнат.
Нивниот последен таков состанок беше во Турција во ноември минатата година, кога американските официјални лица изјавија дека Барнс ја предупредил Русија за последиците од каква било употреба на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници во Русија. Наришкин рече и дека не слушнал ништо изненадувачки од самитот на НАТО во Вилнус, пренесе ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.