Ретко кој ја познава Талија Чабриева во Швајцарија, таа е жена која е многу озлогласена во Русија како адвокатот на Путин.
Благодарение на неа Путин има моќ колку што сака а за возврат таа има има луксузен стан во Монтре и висока позиција во приватна академија.
Во Русија таа се погрижи демократијата да биде погребана, ја обвинуваат критичарите. Како ко-шеф на работната група, таа е одговорна не само за обединување на извршната, законодавната и судската власт на Владимир Путин, туку и за негово задржување на власт засекогаш.Швајцарските медиуми ја опишуваат како „апсолутно врвна адвокатка“.
Неколку пати беше наградувана за адвокат на годината, а набрзо стана и експерт по уставно право. Путин и наредил суштински да го промени рускиот устав во јануари 2020 година, таа го направила тоа целосно во неговиот дух.
Таа употребила некои правни трикови за да се погрижи Путин теоретски да остане на функцијата до 2036 година. Претходно, беа дозволени само два четиригодишни мандати.
Во Москва таа наводно поседува луксузна вила вредна повеќе од шест милиони евра, а станот во Монтре чини нешто помалку од два милиони франци.
Чабриева на руските даночни власти ги пријавила вкупните приходи на семејството од 3,5 милиони евра во последните осум години. Кога руската опозиција му ја пренесе оваа информација на државниот обвинител, тој не презеде ништо.
Чабриева е толку блиска со Путин што ниту еден суд во Русија нема храброст да ја сослуша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.