Возовите натоварени со помош веќе тргнуваат од Германија за Украина, а ќе се враќаат натоварени со жито. Германските национални железници Дојче Бан планираат да започнат со превоз на товарните возови за транспорт на украински извоз на жито до германските пристаништа за утовар на бродови, објави компанијата.
Зрното ќе се носи со железница до германските пристаништа, вклучувајќи ги Росток, Хамбург и Брејк, според Дојче Бан. Детали за капацитетот не се дадени, но планирани се неколку возови неделно, кои главно ќе го соберат украинското жито во Романија.
Украинскиот земјоделски извоз беше околу 2,5 милиони тони во јуни, во однос на околу шест милиони тони жито месечно, пред Русија да ја нападне земјата во февруари оваа година.
Агенциите на ОН предупредија дека недостатигот на украинско жито, кое обично оди на Блискиот Исток и во Африка, се заканува со глад и масовна миграција од „невидени размери“. Поголемиот дел од тековниот извоз на жито од Украина се преместува со камиони и со речни чамци во соседните земји, вклучително во Романија и во Полска, за утовар на океански бродови. Сепак, поради различните големини на шините на украинските железници, повеќето возови на ЕУ не можат да се користат во Украина.
Украина итно треба да го извезе житото, бидејќи новата жетва започнува летово, а земјоделците се соочуваат со недостиг на капацитет за складирање, со надеж дека разговорите за воспоставување безбеден коридор на Црното Море за украинскиот извоз би можеле да продолжат оваа недела, пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.