САД проценуваат дека руските загуби во Украина достигнале околу 15.000, а има и можеби 45.000 ранети, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, додавајќи дека и Украина исто така претрпела значителни загуби. Тоа е значително помала бројка од таа што ја дава официјален Киев, од каде тврдат дека во Украина досега загинале околу 35.000 руски војници.

Речиси пет месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција во Украина, нејзините сили полека го освојуваат регионот Донбас во источна Украина и во моментов држат под контола околу една петтина од земјата.

Барнс, говорејќи на форумот за безбедност во Аспен во Колорадо, изјави дека тие придобивки имаат висока цена.

Последните проценки на американската разузнавачка заедница би биле нешто во близина на 15.000 (руски сили) убиени и можеби трипати повеќе повредени. Значи, прилично значителни загуби. И Украинците исто така претрпеа, веројатно малку помалку од тоа, но, знаете, значителни загуби – изјави Барнс.

Русија ја класифицира смртта на членовите на нејзините вооружени сили како државна тајна дури и во мирнодопски услови и често не ги ажурираше официјалните податоци за жртвите за време на војната. На 25 март беше објавено дека загинале 1.351 руски војник.

Владата во Киев во јуни соопшти дека дневно гинат од 100 до 200 украински војници.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера порача дека воените „цели“ на Москва во Украина ќе се прошират доколку Западот продолжи да го снабдува Киев со оружје со голем дострел, како што се артилериски ракетни системи за висока мобилност (ХИМАРС) од САД.

Ова значи дека географските задачи ќе се протегаат уште подалеку од сегашната линија – изјави тој.

Но, Барнс рече дека концентрацијата на силите на руската војска во Донбас, барем засега, сугерира дека тие научиле тешки лекции од неуспехот на почетокот на кампањата, „каде што Москва заглави во нападот врз Киев“.

Во извесна смисла, она што го направи руската војска е повлекување на „полесен“ начин на војна, во извесна смисла, користејќи ги своите предности и огнената моќ на долг дострел за да се спротивстави и ефикасно да ги уништи украинските цели и да ги компензира слабостите на работна сила што тие сè уште ги имаат – изјави Барнс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.