Германскиот Бундестаг ја отфрла нацрт-резолуцијата за испорака на ракети со долг домет „Таурус“ на Украина.
Од 666 пратеници, 485 гласале „против“, само 178 гласале „за“, а 3 биле воздржани, пишува „Дојче веле“.
Нацрт-резолуцијата со која се бара предавање на германските крстосувачки ракети „Таурус“ на Украина ја донесоа опозициските членови на фракцијата ЦДУ/ЦСУ.
Германската влада претходно објави дека Германија се уште не е подготвена да и испорача на Украина ракети со долг дострел со кои украинските сили ќе можат да гаѓаат длабоко на руска територија.
Официјален Киев неколку пати бараше испорака на овие проектили за да може да ја прошири географијата на воздушните напади. Ракетите „Таурус“ имаат домет од 500 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.