Германскиот министер за правда Марко Бушман ги критикуваше професорите за нивната улога во неодамнешните пропалестински протести на германските универзитети и повика тие да одговараат, јави ДПА.

„Лично, би сакал професорите да ги охрабрат своите студенти да презентираат аргументи. Конкретно на универзитетите треба да е важен посилниот аргумент, а не погласниот крик“, изјави министерот за медиумската група „Функе“.

„Не треба да има закани, навреди, одобрување кривични дела“, додаде министерот Бушман.

На германските универзитети продолжуваат протестите поради акциите на Израел во конфликтот во Газа, а студентите изразија солидарност со Палестинците.

Во четвртокот, полицијата растера делови од берлинскиот универзитет Хумболт кои беа окупирани од околу 150 пропалестински активисти.

Управата на универзитетот првично ги толерираше протестите и избра да стапи во дијалог со студентите и професорите, иако наиде на широки критики од политичарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.