Германски воени авиони денеска почнаа со падобрани да доставуваат помош за населението во Појасот Газа, пренесува ДПА.

Германскиот Бундесвер испрати во регионот два транспортни авиона Ц-130 Херкулес, од кои секој може да превезува товар до 18 тони.

Авионите ќе полетуваат од Јордан, кој го иницираше доставувањето помош за Палестинците во Газа по воздушен пат. Во акцијата се вклучени и САД и Франција.

Хуманитарните организации ја опишуваат ситуацијата на луѓето во Појасот Газа како сè поочајна. Обединетите нации соопштија дека се наѕира криза со глад доколку не се прошири испораката на помош по копнен пат со камиони.

Околу 2,2 милиони луѓе живеат во Газа, а повеќе од милион сега се на југ во и околу градот Рафа, откако избегаа од воените дејствија во северниот дел на појасот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.