Новинарот на германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ Михаел Мартенс, кој ги покрива источна и југоисточна Европа, истакнува дека завојуваните Русија и Украина се нации на изумирање поради тоа што огромен број на луѓе ги напуштаат овие земји, а бројот на новородени деца е многу мал.

Демографски гледано, во Украина две нации на умирање се борат меѓу себе. Украина и Русија изгубија повеќе население поради негативните демографски трендови и емиграцијата во последните 30 години од речиси која било друга земја. Сега губат и уште повеќе поради војната – коментира Мартенс.

Во последните 26 години Украина загубила над 8 милиони од своето население кое сега е на ниво од нешто над 43 милиони граѓани.

Во последните 20 години, пак, Русија го зголемила своето население за само околу 500 илјади луѓе иако во Русија емигрира голем број луѓе од поранешниот Советски сојуз. Сепак, во последните три години Русија значително го намали своето население на годишно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.