Германскиот магазин “Штерн” ги објави резултатите од истражувањето “650 најдобри работодавачи во Германија”.
Во истражувањето, направено во соработка со “Статиста”- независен Институт за испитување на мислењето и истражување на пазарот, повеќе од 50.000 испитаници биле замолени да одговорат на повеќе од 50 прашања, во периодот од 24.06 – 09.08.2021 година.
Меѓу споменатите прашања, едно од позначајните е и прашањето дали вработените би го препорачале својот актуелен работодавач на друг (свој пријател, близок, роднина). Имајќи го во предвид периодот во кој е спроведено Истражувањето, во рамките на истото бил испитуван и аспектот – на кој начин компаниите ги менаџирале односите со своите вработени во услови на предизвици предизвикани од глобалната пандемија на Covid-19.
Споменатото истражување го поставува КОСТАЛ на високото 9-то место во категоријата “Работодавачи од автомобилска индустрија и нивни добавувачи”, односно на 12-тото место во категоријата “Работодавачи од областа на електроника и електротехника”.
КОСТАЛ од 2016 година е присутен во Македонија, преку своите производствени капацитети во Охрид, каде работат околу 1.000 посветени професионалци од сите делови на државата, снабдувајќи ги најголемите производители на автомобили. Меѓу клиентите на производите на технолошки напредното производство од Охрид, се вбројуваат БМВ, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. Фолксваген Сеат, Шкода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.